Џеф Хофман на Годишен конгрес на EBAN: Претприемништво значи решавање проблеми

23

sl

Годишниот конгрес на Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN) е еден од најголемите интернационални настани на кој се собираат инвеститори, бизнисмени, претприемачи, креатори на јавното мислење… Оваа година конгресот се одржува во Малага, Шпанија, од 7 до 9 јуни. Конгресот е извор на нови идеи и трендови, место каде преку 500 учесници – светски најеминентните бизнис ангели и претприемачи, и околу 100 стартапи од Европа и пошироко, ќе можат да се вмрежат и да развијат нови соработки.

Инспиративниот говорник Џеф Хофман, успешен претприемач, извршен директор, автор, основач на неколку стартапи, зборуваше за претприемништвото и што значи да се биде претприемач.

“Претприемништвото е лопата што ја користиш за да ископаш патека за посветла иднина. Претприемништво значи решавање проблеми. Претприемништво е работите од такви какви што се, да ги направите такви како што треба да бидат. Мојата мисија е да предадам што повеќе лопати и потоа да ги научам луѓето како да ги користат”, рече Хофман.

Хофман е во одборите на компании во САД, Европа, Јужна Америка, Африка и Азија, поддржувајќи ги претприемачите и малите бизниси во преку 150 земји. Тој е и во одборот на Global Entrepreneurship Network, Unreasonable Group и Global 1000, а советник е и во CEED Global.

Од јануари минатата година, Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија стана дел од интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN.