Холивудската дива Џенифер Лопез, која постојано е на врвот на музичката сцена и на филмското платно, во почетокот на овој век го привлече вниманието на себе. Најпрвин со глумата, а потоа со пеењето. Но, откако јавноста дозна за нејзиното осигурувањето на задникот кое го направила, не можеше да поверува. Иако цената никогаш не ја откри во јавноста, во медиумите излезе неофицијалната сума од која “боли глава“. За осигурувањето на нејзиниот најголем “адут“, во случај на незгода, Џенифер Лопез ќе добие неверојатни 300 милиони долари.
Но, како се одлучуваат осигурителните куќи да разговараат со неа во врска со осигурителната полиса, кога Лопез е на прагот да наполни 50 години. Еве кои се условите за да остане фит и да ја одржува линијата на целото тело.
Таа го откри нејзиниот рецепт за омиленото смути со кое речиси секогаш го започнува нејзиниот исполнет ден. Истото е совршено лесно и воопшто не наликува на оние останатите чии состојки е исклучително тешко да се најдат.
Ова е рецептот со којшто го започнува денот и со кој има енергија за тековните обврски.
- Три шолји јагоди
- Една шолја боровинки
- Една шолја малини
- Една шолја грчки јогурт
- Една лажица протеински прав со вкус на ванила
- Една лажица цимет
- Една лажица исцеден сок од лимон
- Малку лед