Познатиот готвач Џејми Оливер отвора нови ресторани по само шест месеци откако банкротираше неговиот угостителски ланец во Велика Британија.
Двата нови ресторани ќе се наоѓаат во Југоисточна Азија, едниот во Бали, другиот во Бангкок, а ќе го носат името Jamie Oliver Kitchen, пишува The drinks business.
Групацијата Jamie Oliver, којашто раководи со 70 ресторани во 27 земји, ќе ги отвори новите објекти на 21-ви, односно 28-ми овој месец.
Но, тоа нема да биде крај, со оглед на фактот дека е планирано отворање на уште 19 нови ресторани до крајот на 2020 година.
Колку за потсетување, во мај 22 ресторани на Џејми во Велика Британија, беа затворени, а повеќе од 1.000 луѓе останаа без работа.
Фото: Facebook