Ланецот ресторани на Џејми Оливер пред колапс

25

Бизнисот на Џемји Оливер, кој стана телевизиска ѕвезда благодарение на своите кулинарски емисии, е пред банкрот. Во Велика Британија сите освен три ресторани од постоечките 25 ќе бидат затворени, а 1.000 луѓе ќе останат без работа, пишува The Guardian.

Компанијата, којашто вклучува 22 ресторани под името Јamie’s Italian, рестораните Fifteen и Barbecoa во Лондон и Jamie’s Diner на аеродромот Гетвик, назначи директори од консултантската фирма KPMG како администратори.

Овој потег може да биде крај на империјата на Оливер во Велика Британија, која што започна со отворањето на ресторанот Fifteen во Лондон во 2002 година. Само три ресторани на Гетвик ќе продолжат да работат, додека администраторите бараат купувач.

Повеќе од 61 угостителски објект надвор од Британија, меѓу кои 25 Jamie’s Italian остануваат да функционираат непречено, како и ресторанот Fifteen во Корнвол.

Во последниве неколку месеци се бараат купувачи откако Оливер реши да го продава бизнисот поради силната конкуренција на овој пазар.

Фото: Facebook