
Познатиот британски готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер се пофали на Инстаграм дека неговиот ресторан “Jamie’s Italian” е отворен во Белград.
“Белград, отворени сме”, напиша Оливер во приказната на својот профил во Инстаграм со фотографија од персоналот пред новоотворениот ресторан на шеталиштето Сава, кај Белград на вода.
На официјалната веб-страница на белградскиот ресторан на Џејми Оливер, постои и мени кое содржи бројни специјалитети на италијанската кујна според рецептот на познатиот британски готвач.
Цените на пиците се движат од 865 динари (455 денари) до 1.555 динари (817 денари).
Најевтиното главно јадење се равиоли со тартуфи (975 динари односно 512 денари), а најскапото е стек со путер од тартуфи, портобело печурки и кјанти сос (2.725 динари – 1.431 денари).
Во ресторанот на Џејми Оливер можете и да се засладите. Најекономичен десерт е панакота со ф’стаци – 545 динари (286 денари), порција со три топки сладолед е 565 динари (297 денари), а најскап десерт е „Амалфи чизкејк“ – 765 динари (402 денари).











