Џејми Оливер, по Белград, отвора ресторан во уште една балканска земја

102

Ресторанот на познатиот готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер ќе биде отворен во Црна Гора.

Претходно во Белград беше отворен ресторанот „James Italian“.

Зад целиот проект стои добро координирана екипа која го води познатиот локален угостителски ланец Кафетерија.

Ко-сопственикот на Кафетерија Марко Вукомановиќ објави на Линкедин, по повод отворањето на ресторанот во Белград, дека следниот „James Italian“ ќе биде отворен во „Порто Монтенегро“ на црногорското приморје.

„Голем ден за сите нас во Кафетеријата. Вратите на првиот ресторан „Jamie Oliver Italian“ во Белград денеска се отворени! Голема благодарност до целиот тим кој трпеливо работеше на овој проект точно една година, а посебна благодарност до мојот партнер Зоран Станојевиќ кој веруваше и го турка овој проект од самиот почеток. Се гледаме утре во Белград, а наскоро и во Порто Монтенегро“, напиша Вукомановиќ, пренесе РТЦГ.