Џејми Оливер продава удел од своите ресторани за 200 милиони фунти

14

barbecoa

Познатиот британски готвач Џејми Оливер донесе одлука да продаде удел во својот синџир на ресторани, за да може да се прошири на меѓународните пазари, пишува Гардијан.

На пазарот ќе се најде неговиот ресторан Barbecoa, но и синџирот италијански ресторани, а се очекува понудата да вреди 200 милиони фунти.

“Како и секоја приватна компанија со која добро се управува, ние редовно ја ревидираме нашата политика , финансирање и барања на пазарот. Сите опции се во оптек и се разгледуваат, вклучувајќи и странски инвеститори. Сето тоа е со цел да се подобри положбата на групацијата и најдобро искористување на пазарните прилики“, велат од групацијата на познатиот готвач.

Инвестиционата група 3i веќе помина низ одредени кругови на расправа за поголем удел. Групацијата помина тригодишен процес на реструктуирање, во текот на којшто би требало да продаде неколку компании во нејзина сопственост. Во овој момент 3i има 65 компании.