Џејми Оливер со проект за оние кои не се снаоѓаат во кујна

129

Повеќе од 20 години Џејми Оливер е едно од најпознатите имиња во телевизиското кулинарство. Познат како успешен готвач, тој сега реши да се посвети на оние кои не само што не знаат да готват, туку се и целосно “срамежливи“ да зачекорат во кујната, освен да пијат чаша вода.

Ова е интересен потег откако ланецот на неговите ресторани банкротираше во мај 2019 година, така што Џејми мораше да затвори повеќе од 20 ресторани, а илјадници луѓе ги загубија своите работни места. 

Концептот на неговото ново шоу ќе се заснова на учење на оние кои се повеќе склони да нарачуваат храна отколку да ја подготвуваат. Вака гласи објавата од неговиот официјален профил на Инстаграм:

“Друштво, работам на ново шоу, затоа ми требаат луѓе кои имаат навика да нарачуваат храна, но сакаат да престанат со тоа и да научат да готват сами. Ако знаете некој кој сака да јаде, но не сака да готви, кликнете на линкот за да пристапите до формуларот за апликација и да ми кажете сè за таа личност“.

Образецот за пријава не открива многу, но постои можност Џејми да ги посети домовите на учесниците во програмата. Во рамки на образецот треба да бидат одговорени следниве прашања:

“Што најмногу сакате да јадете?”

“Како би ги оцениле вашите кулинарски вештини?“

“Во што најмногу би ви помогнал Џејми?

Со пополнет образец и одговорени прашања, треба да се приложат фотографии од учесникот и неговата / нејзината кујна, а потоа да се испратат на официјалната е- маил адреса  за учество во емисијата UNILAD. Сè уште не е познато за кој датум е планирана премиерата на програмата и дали снимањето е веќе започнато.

Фото: Facebook