Џек Ма останува без Alibaba?

62

Ant Group во рамки на коишто работи компанијата Alibaba, ги анализира можностите на кој начин основачот Џек Ма би го продал својот удел и така да ја препушти контролата над компанијата.

Состаноци со кинески претставници и компанијата сигнализираат дека овој потег би можел да влијае на одлуката Пекинг да повлече надзор над нивната работа, пренесува Ројтерс.

Тоа би значело дека Џек Ма би можел да остане без Alibaba и тоа по повеќемесечниот притисок од страна на Пекинг.

Исфрлањето на Џек Ма од сопственичката структура би можело да значи дека Ant Group ќе стане акционерско друштво, а се очекуваше Ant Group да собере околу 38 милијарди долари на најголемата иницијална јавна понуда. Плановите за тоа пропаднале откако Ма се сретна со владини претставници на втори ноември минатата година.

Фото: Twitter