Џек Ма веќе не е најбогат Кинез, тронот му го презеде тајкун со флаширана вода

128

Жонг Шаншан, сопственик на компанијата за флаширана вода – Nongfu Spring од 1966 година, го симна основачот на Alibaba, Џек Ма од местото најбогат во Кина, пишува ВВС.

Според Bloomberg Billionaires Index, Шаншан сега е најбогат во Кина со богатство од 58,7 милијарди долари.

Шаншан, познат под прекарот Осамениот волк, сега е втор најбогат во Азија, зад Индиецот Мукеш Амбани, кој е сопственик на конгломератот Reliance Industries.

Со неговото богатство, тој е 17-ти најбогат на листата 500 милијардери во светот.

Најголем дел од милијардерите во Кина се од технолошкиот сектор, но растечките тензии меѓу Кина и САД околу Huawei, TikTok и WeChat им ја намалија цената на акциите.

Во овој момент прехранбениот сектор во Кина доживува раст, па поради тоа најбогатите во земјата се од тој сектор.

Фото: Pexels