Американскиот огранок на германската компанија за пратки, DHL Express соопшти дека купува 12 електрични карго авиони од стартапот Eviation за испорака на пакети и пратки во САД, во рамки на планот за намалување на емисијата на штетни гасови
“Новите летала ќе ги распоредиме во мрежата меѓу Западното и Источното крајбрежје на САД. Овие електрични авиони ќе заменат дел од нашиот постоечки капацитет“, рекол Мајк Пар, главен извршен директор на DHL Express America, пренесува CNBC.
Тој додал дека купувањето на овие авиони е во функција на заложбата на компанијата за одржлив бизнис и нејзино движење кон нето нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.
Eviation е старт – ап фокусиран на производство на електрични авиони со фиксни крила за превоз на товар и патници. Нејзиното седиште е во Вашингтон, а произведува авион со носивост од 1,13 тони, достигнува максимална брзина од 402 километри на час и има домет од 800 километри со едно полнење.
Полнењето на батеријата на авионот трае околу 30 минути, а исто толку е потребно и за полнење со гориво на еден класичен авион со слична големина.
Фото: Pexels