Познатиот пејач Џон Леџенд отвори 14-месечна акцелераторска програма за социјално претприемништво. Целта на програмата, како што пишува Forbes, е во бизнисот да се вклучат луѓе кои имале криминално минато.
“Ја започнавме оваа соработка велејќи: Ајде да не им кажуваме само да вработуваат луѓе со проблемите со законот, туку и да инвестираат во нивните идеи“, вели Леџенд.
Програмата, што го носи името Unlocked future, е основана во 2017 година како партнерство меѓу инвестициониот фонд New Profit и иницијативата FreeAmerika на Леџенд, а со поддршка од Bank of America.
Неодамна, американската банка JP Morgan најави дека планира да вработува луѓе кои зад себе имаат криминално досие.
Фото: Facebook