Денеска во Штип се отвора новата фабрика на Џонсон Контролс. Во неа се инвестирани 20 милиони евра. Објектот се протега на 1.200 метри квадратни, а ќе бидат вработени над 1.400 лица. Ќе се произведуваат автомобилски навлаки и седишта.
Ова е втора фабрика која Џонсон Контролс ја отвора во Македонија, првата е отворена во Бунарџик.
Џонсон Контролс е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Во светот има отворено фабрики во 154 држави и има над 154.000 вработени.