Џонсон Мети доби А – Интегрирана еколошка дозвола

38

Џонсон Мети доби А – Интегрирана еколошка дозвола, согласно Законот за животна средина. Директорот на Џонсон Мети Џатин Таркар, изјави дека добивањетои на еколошката дозвола е важен чекор за нивниот бизнис. Дозволата е одлична рефлексија на големиот успех кој го имаат во Македонија. Тој им се заблагодари на министрите и на сите останати кои напорно работеле за добивање на дозволата. Конкретно, дозволата значи што ќе преземе компанијата како инвестиции во однос на складирање и ракување со суровините и помошните материјали, постапките за емисиите во воздухот се мошне софистицирани. Кога станува збор за исполнување на законските услови, според првите луѓе на Џонсон Мети, тие се пример како и другите компании треба да постапуваат. Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека компанијата ги задоволува сите стандарди на локално и светско ниво.

„На сите нас во Македонија добро ни е познато името Џонсон Мети. Се работи за најсофистицирана компанија и првата која најверојатно ќе ја пробие границата на вкупен извоз од преку 500 милиони евра оваа или следната година“, истакна Пешевски. Според него она што е важно, е компаниите кои се наоѓаат во слободните економски зони целосно да ги почитуваат барањата од државата во однос на еколошките стандарди кои треба да ги исполнуваат. Министерството за животна средина и просторно планирање, утврдувајќи дека се исполнети условите за добивање интегрирана еколошка дозвола предвидена со законските и подзаконските акти, и ја издава на компанијата Џонсон Мети. Со неа се уредува работата во делот на заштитата на животната средина, појасни ресорниот министер Абдулаќим Адеми.