Дигитална идентификација во земјава со помош на Mastercard Europe

32

Министерството за информатичко општество и администрација ја информираше Владата дека е во тек постапката за потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии и Mastercard Europe SA за воспоставување услуга за дигитална идентификација во земјава.

Соработката со Mastercard Europe SA има за цел да обезбеди дизајнирање и спроведување низа дигитални решенија, коишто ќе се фокусираат првенствено на верификација и докажување на идентитетот и соработка во развивањето иновативни технолошки решенија од областа на дигиталниот идентитет, со што во земјава се воспоставува едно од првите интероперабилни решенија за дигитална идентификација во Европа.

Фото: Pexels