Фото: Kickstarter
Францускиот старт – ап Digitsole креира паметни патики коишто сами се врзуваат, ги бројат чекорите, потрошените калории, а кога е потребно пуштаат топол или ладен воздух во стапалата на корисникот.
Во Digitsole Smartshoe се интегрирани хардвер и софтвер коишто создаваат интерактивни патики што постојано обезбедуваат повратни информации за корисникот.
Патиките имаат вградени сензори за движење што ги анализираат заморот, потрошените калории, држењето и даваат податоци за спречување на повреди. Податоците за активноста на корисникот се добиваат преку апликација за паметни телефони.
Овие патики се поставени на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter каде треба да соберат 50.000 долари. До крајот на кампањата има уште 29 дена и досега се собрани над 74.154 долари.