Аукциската куќа Sotheby’s ќе понуди дијамант од 102 карати, што би бил најскапиот дијамант што е некогаш продаден преку интернет, пишува CNBC.
Безбојниот овален дијамант од 102,39 карати, би можел да достигне цена од 10 до 30 милиони долари. Досега на интернет аукциите биле продавани бели дијаманти со најмногу 100 карати.
“Дијамант од 100 карати е многу тешко да се најде“, рекол Кјуиг Брунинг, шеф на одделот за накит на Sotheby во Њујорк.
Каменот со големина на детско лижавче ќе се продава на аукција во Хонгконг на петти октомври. Доколку биде купен преку интернет, тоа би било рекорд за најскап накит што некогаш е продаден онлајн. Најскапиот накит досега продаден преку интернет се обетки со син и розов дијамант во 2016 година за шест милиони долари.
Фото: Pixabay