Димко Митрев од Велес со добивка од 410.000 денари за девет месеци

50

dimko mitrev 1

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари добивка од 410.000 денари.

Остварената нето добивка во овој период од 2015 година во однос на истиот период лани е помала за 50%, стои во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

“За деветте месеци остварен е приход од 162.273.000 денари, којшто е помал за 6% во однос на истиот период од претходната година, којшто изнесувал 173.491.000 денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 2%, од странскиот пазар со 94%, од други приходи со 4%“, покажуваат податоците во Образложението.

Расходите во првите девет месеци од оваа година, како што се наведува, изнесуваат 161.863.000 денари и се помали за 6% во однос на истиот период претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 85.063.000 денари.