Директна линија Скопје – Рим преку Алиталиа

24

alitaliaИталијанската воздухопловна компанија Алиталиа најави дека од втори мај воведува нова директна меѓународна линија помеѓу Скопје и Рим (аеродром Фјумичино).

Билетите за овој нов лет веќе се во продажба на сајтот www.alitalia.com или во туристичките агенции и билетарите на Алиталиа.

Новите летови на Алиталиа Скопје – Рим ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авионите Ембраер Е-175, во две класи: Ottima – бизнис класата на Алиталиа за меѓународни летови и Classica– економска класа.

Распоредот на летање е направен со цел да ги задоволат потребите од деловни патувања на релација Италија – Македонија, како и потребите на Македонците кои живеат во Италија, исто така и за поврзување на Македонија со светот преку останатата интерконтинентална и интернационална мрежа на Алиталиа, преку аеродромот Фјумичино.

Во текот на месец мај, Алиталиа ќе започне со работа на редуциран распоред со 30 повратни летови во текот на месецот Рим – Скопје – Рим, додека во јуни со целосен распоред на секојдневно летање.