Директните странски инвестиции на Кина се зголемени за 26,5 отсто за два месеци

60

Директните странски инвестиции во Кина се зголемени за 26,5 отсто во првите два месеци од оваа година, јавува Анадолија.
Странските директни инвестиции се зголемија за 26,5 отсто во првите два месеци во однос на истиот период лани и достигнаа 19,96 милијарди долари, објави кинеското Министерство за трговија.

Инвестициите во деловни услуги се зголемени за 22,3 отсто на 4,72 милијарди долари, во трговијата на големо и мало за 17,2 отсто на 4,09 милијарди долари. Зголемени се и инвестициите во производството и градежништвото.

Во истиот период, инвестициите во земјите опфатени со Иницијативата „Појас и пат“ се зголемија за 27,8 отсто и достигнаа 4,04 милијарди долари, што претставува 20,2 отсто од вкупните кинески инвестиции.

Фото: Pixabay