Директните странски инвестиции во Албанија достигнаа бројка од 1,5 милијарди евра

14

Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции.

Во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, Рама рече дека, деновиве Албанија била оценета од “Стандард и Пурс” со ново ниво, за првпат, и отиде на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и оти следниот чекор е ББ+.

– Минатата година според извештајот на Централна банка на Албанија, достигнавме рекордна бројка од 1,5 милијарди евра странски директни инвестиции. Тоа е голем скок од постојаниот тренд од изминатите години кој се движеше околу 1 милијарда, но што е само почеток на уште еден тренд да се оди на две, две и пол, три и 4 милијарди, рекол Рама.

Според него тоа е сосема можно, но под еден услов да “имаме човечки капацитет, да имаме доволно човечки капитал да се справиме со растот на интересот на инвеститорите и да се справиме со овој општ раст на земјата во следните 5 години, што ќе биде извонредно”.