Директор на европски аеродром поднесе оставка: „Дадов сè од себе“

92

Извршниот директор на амстердамскиот аеродром Шипхол поднесе оставка на 15 септември поради, како што се наведува, лоша сезона, односно по летниот период одбележан со хаос и откажувања на летови.

Оваа несреќна ситуација настана поради недостигот на кадар по пандемијата на Ковид.

– Дадов се од себе, но сè уште не сме достигнале задоволително ниво и се надевам дека наскоро ќе биде подобро – изјави извршниот директор Дик Беншоп, откако ја соопшти својата одлука пред управниот одбор, пренесе АП.

Тој рече дека се повлекува за „да му даде простор на Шипхол за нов почеток“.