Директор на голема банка, а оди на работа со метро и настапува како диџеј

185

Директорот на американската мултинационална инвестициска банка којашто нуди финансиски услуги, Goldman Sachs. не е обичен директор. Дејвид Соломон минатата година заработи 23 милиони долари, но откако во октомври 2018 година го презеде кормилото во една од најголемите инвестициски банки, тој има сосема поинакво однесување како за човек од Wall Street.

Соломон, кој има 57 години, познат е како D – Sol, кој викендите ги поминува како диџеј во ноќни клубови во Њујорк, Мајами, Бахамите. Тој на работа доаѓа со подземна железница, а сам си носи кафе во својата канцеларија.

“Зошто не би доаѓал со метро? Тоа е побрзо и поефикасно“, изјави неодамна Соломон за магазинот Fortune и наведе дека некои членови на одборот од Goldman Sachs не биле задоволни од оваа идеја.

Тој за првпат е претставен како диџеј D- Sol во New York Times 2017 година, кога беше потпретседател во Goldman Sachs, сред кампањата за именување на извршен директор.

Деловни предизвици

Во март воведе некои новини со што ја олабави политиката на облекување во компанијата, односно вработените не се обврзани да носат костум и кравата на работа.

Инаку, неговата прва година на местото генерален директор наиде на предизвици. Вкупните приходи на Goldman Sachs опаѓаат од 2010 година. Соломон, исто така, е задолжен работењето на компанијата да го пренасочи во комерцијално банкарство. Банката во август ја покрена својата прва кредитна картичка во партнерство со Apple.
Приходот на Goldman Sachs минатата година изнесуваше 36,616 милијарди долари.

Фото:Twitter