
Употребата на моментално најпопуларниот термин во корпоративниот свет е зголемена за 70%
Кога би прашале многу работодавци и директори каква беше 2020 година, но и 2021 година, кога ќе погледнат наназад – веројатно би употребиле некој од следниве зборови: предизвик,ролеркостер, неизвесност… Меѓу силните епитети е и зборот „патување“.
Имено, како што пишува Bloomberg, омилен збор на извршните директори оваа година бил „патување“, поточно фразата: “it’s been quite a journey”- Тоа беше патување.
Така тие одговорија на прашањето поврзано со кризата, пратена со короната, инфлацијата и постојаниот недостиг на работна сила. Директорите кои биле вклучени во истражувањето го користеа зборот „патување“ за време на конференциски повици – точно 3.091 пати, што претставува зголемување од 70%.