Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

59

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум Гајдар.

Извршната директорка на ММФ не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст.

“Во 2020 година, ММФ обезбеди финансиска поддршка за 83 земји“, рече Георгиева.

Таа додаде дека од аспект на сегашната политика, уште од март 2020 година апелира до земјите да трошат повеќе, што е многу невообичаено за ММФ.

“Трошете колку што можете повеќе, а потоа потрошете уште малку повеќе. Продолжувам да се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки што ги штитат економиите од колапс во време кога со причина ги ограничуваме и производството и потрошувачката на населението“, рече шефицата на ММФ.

Таа, исто така, повика на поголема меѓународна соработка во напорите за дигитален и зелен раст, како што беше случај за време на активностите за развој на вакцини против коронавирус.

“Вработените во ММФ пресметаа дека комбинираните фискални стимулации на Групата 20 најразвиени економии во светот во областа на зелената инфраструктура, доколку се направат на координиран начин, ќе донесат за две третини поголем раст отколку ако секоја земја го направи тоа сама“, рече Георгиева.

Фото: Freepik