Директорот на Barclays го одби бонусот за 2013

27

jenkinsИзвршниот директор на Barclays, Ентони Џенкинс, го одби бонусот за 2013 година затоа што е непристојно да земе пари во време кога банката се соочува со големи трошоци за споровите што ги води.

Џенкинс можеше да добие бонус од 2,7 ​​милиони фунти. Ова е втора година како се откажува од бонус откако стана извршен директор во август 2012 година, пишува Ројтерс.

“Заклучив дека не би било правилно, со оглед на околностите, да го прифатам бонусот за 2013 година и затоа со почит го одбив бонусот што ми го понуди одборот”, изјави Џенкинс преку соопштение.

Основната плата на Џенкинс му е 1,1 милиони фунти и може да добие 250% од таа сума како годишен бонус.

Банката Barclays се обидува да ја поправи својата репутација по вмешаноста во скандалот за местење на меѓубанкарската каматна стапка либор и е една од банките кои се под истрага поради сомневање дека манипулирала со тргувањето на девизните пазари.