Почетна Новости Директорот на Boeing си заминува со златен падобран

Директорот на Boeing си заминува со златен падобран

449

Директорот на Boeing, Денис Муиленбург кој пред неколку дена беше разрешен од функцијата, остава позади себе долг список на проблеми, но заминува со “златен падобран“, односно со износ од околу 60 милиони долари, пренесува CNN Business.

Сè уште не позната точната сума на пари што ќе ги добие на заминување. Тоа зависи од неговите преговори со Boeing, и од тоа како компанијата ќе го одбележи неговото заминување – како пензија, оставка или отказ.

Муиленбург би можел да има право на надомест во износ поголем од 30 милиони долари и потенцијално исплата на отпремнина од околу седум милиони долари. Тој исто така располага со 20 милиони долари стекнати акции и пензиски пакет во вкупна вредност од над 11 милиони долари.

Муиленбург (55), стана извршен директор на Boeing, во 2015 година, откако извршуваше неколку други позиции во фирмата.

Инаку, тој беше разрешен неколку дена откако компанијата објави дека во јануари привремено ќе го прекине производството на проблематичниот авион 737 Max.

Компанијата упорно го произведуваше спорниот авион и покрај фактот дека летовите на тие авиони беа прекинати поради две несреќи во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

Муиленбург ќе го замени Лоренс Келнер, а на 13 јануари позицијата ќе ја преземе новиот директор Дејвид Калхун.

Фото:Pexels