Директорот на ФИТР половина од својата плата ја дава за формирање на солидарен фонд

138

Јован Деспотовски директор на Фонд за иновации и технолошки развој ќе даде половина од својата плата за формирање на Солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза.

“Денес, сакам и јас да го дадам својот личен граѓански придонес во рамки на #ПридонесиИти. Половина од мојата плата ја ставам на располагање за формирање на Солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза.

Апелирам до други поединци и мои колеги кои се надевам ќе се приклучат со придонес во рамки на своите можности кон оваа или други иницијативи.

Благодарам, исто така, на компаниите од семејството на Фонд за иновации и технолошки развој за досега покажаната висока свест и општествена одговорност преку нивно приклучување на апелот на #ФИТР стои во Фејсбук објавата на Деспотовски.