Директорот на НЛБ поднесе оставка

23

medja

Директорот на словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ), Јанко Медја, во петокот поднесе оставка, година и половина пред крајот на редовниот петгодишен мандат. На негово место ќе дојде досегашниот член на Управата Блаж Бродњак, стои во соопштението на банката.

“Својата работа не можам да ја продолжам поради одредени различни мислења со сопственикот на банката. Горд сум на работата што во изминатите години ја сработивме заедно со менаџерскиот тим и вработените. Поминавме низ тежок период на реструктуирање, се вративме на пазарот и ја вративме довербата на клиентите. НЛБ денес е стабилна, со позитивни резултати и конкурентна на пазарот. Подготвена е за клучниот проект во иднина – приватизација”, изјави Медја.

Минатата година банката, која што е во државна сопственост, според првите оцени, ја заврши со 62 милиони евра добивка.