Фото: Facebook
Медиумската компанија Discovery Communications, сопственик на Discovery Chanel и Animal Planet, ја купува медиумската компанија Scripps Networks за 14,6 милијарди долари, пишува BBC.
Food Network и Travel Channel се дел од каналите на Scripps. Двете компании се проценува дека ќе заземаат 20% од гледаноста на телевизиските реклами во САД.
Discovery Communications и Scripps Networks очекуваат овој договор да им овозможи подобрување во онлјн можностите.
“Веруваме дека заедно со Scripps ќе создадеме посилна, пофлексибилна и подинамична медиумска компанија преку нашите комбинирани мрежи, производи и услуги во секоја земја во светот“, вели извршниот директор на Discovery, Давид Заслав.