Disney ќе гради нов тематски парк што ќе вклучува и мала пиварница

40

Disney инвестираше околу 14 милиони долари во својот најнов проект којшто вклучува тематски парк инспириран од ликовите на Marvel.

За седиште е одбран Анахајм,којшто се наоѓа во Калифорнија, а компанијата официјално доби и дозвола за градба од градот. Она што е интересно е тоа дека паркот меѓу другото ќе вклучува и микропиварница каде што ќе се служат алкохолни пијалаци и коктели инспирирани од ликовите на блокбастерот Avengers, пишува CNBC

Компанијата ги одбра мотивите од Avengers поради огромната популарност на филмовите – вкупно седум од 20 најгледани филмови на сите времиња се филмовите на Marvel. Последниот во низата Avengers: Endgame, заработи повеќе од 2,7 милијарди долари.

Новиот тематски парк се очекува да биде изграден во 2020 година, а Marvel атракции се планирани и во Дизниленд Хонг Конг (2023), студиото Walt Disney во Париз (2020) и во паркот Епкот во Флорида (2021 година).

Фото Facebook