Дисперзирана канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Илинден

18

Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори дисперзирана канцеларија во општина Илинден сместена во зградата на општината, стои во соопштението на оопштината.

Целта на отварањето на канцеларијата, како што се наведува, е доближување на администрацијата до граѓаните, соработка со здруженијата на земјоделците и единиците на локалната самоуправа. Се очекува на начин  земјоделците да добијат своја канцеларија во која најблиску и по најкус пат ќе ги добиваат потребните информации и помош од администрацијата за можностите што ги нудат повеќето програми.

Услугите што ги нудат стручните служби на Агенцијата се советодавни услуги во земјоделието од сите области: совети за субвенции, ипард програмата, програма за рурален развој; програма за млад земјоделец; добра земјоделска пракса; подготовка на документи; барања, апликации  и уште многу други услуги кои се во нивна надлежност и кои можат да придонесат за подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското произвотство со економска оправданост; конкурентност на пазарот и оддржлив развој на земјоделството во руралните подрачја.

Канцеларијата работи од 08 до 16 часот секој работен ден од понеделник до петок.