Дивиденда ќе добијат акционерите на Адинг

137

Фото: Pixabay

Компанијата Адинг донесе предлог одлука за распоредување на нето добивката остварена во текот на 2018 година.

Нето добивката, според предлог одлуката, се распоредува на: 20 денари за една акција нето дивиденда на акционерите, односно 23,53 денари бруто за една акција, за исплата на членовите на Управен одбор, 5% од нето добивката за исплата на вработени, за даноци и придонеси согласно распределбата и остатокот останува нераспределен.

Согласно предлог одлуката за дивиденден календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 28.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 29.05.2019 година. Датум на пресек на книга на акции е 30.05.2019, а исплатата на дивидендата за минатата година ќе се врши во законскиот рок.