Дивиденда за акционерите на Алкалоид

51

Управниот одбор на фармацевтската компанија Алкалоид донесе предлог одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2018 година.

“Согласно одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2018 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2018 година во висина од 272 денари нето, односно 320 денари бруто, за една акција“, стои во предлог одлуката.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 23.04.2019 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 24.04.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за минатата година е 25-ти април, а исплатата на дивиденда ќе започне од 22-ри мај.