Дивиденда за акционерите на Фершпед

36

Компанијата за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, Фершпед донесе предлог одлука за исплата на дивиденда.

Според предлог одлуката, што ќе се најде пред акционерите на годишното собрание што ќе се одржи на 27-ми мај, се одобрува исплата на дивиденда од акумулирана нераспределена оданочена добивка од минати години во бруто износ од 8.966.650 денари.

Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 550 денари, а ќе се исплаќа во готово, најдоцна до 30-ти септември.

Согласно дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 14-ти јуни, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 15-ти јуни. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 16-ти јуни.

Фото: Pexels