Дивиденда за акционерите на Комерцијална банка

205

Надзорниот одбор на Комерцијална банка, на седница одржана на четврти овој месец, донесе одлука за утврдување на точни датуми за исплата на дивиденда за 2020 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година е 11.08.2021 година.

“Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година“, стои во одлуката.

Исплатата на дивиденда за минатата година ќе започне на 24-ти август.