Дивиденда за акционерите на Оилко

67

Командитното друштво Оилко КДА донесе предлог одлука за плаќање дивиденда по годишна сметка за 2020 година.

Според предлог одлуката, што на собранието на акционери ќе се најде на 18-ти мај, на акционерите им се одобрува плаќање на дивиденда во бруто износ во висина од 62.058.100 денари, односно бруто цена од 260 денари по акција.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 15.6.2021 година. За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 11.6.2021 година. За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 14.6.2021 година.

Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30.9.2021 година.

Фото: Freepik