Дивиденда за акционерите на Раде Кончар апаратна техника

162

Собранието на акционери на Раде Кончар апаратна техника донесе одлука за распределба на добивката по годишната сметка за 2019 година.

Во истата се наведува дека нето добивката, во висина од 27.639.299 денари, се распределува вака: статутарни издвојувања по член 80 став 2 – 3.026.653 денари, статутарни издвојувања по член 80 став 3 – 373.080 денари, добивка за распределба на дивиденда – 22.685.300 денари и акумулирана добивка – 1.554.266 денари.

Собранието на акционери на компанијата, исто така, донесе одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

“Согласно одлуката за распределба на добивката, се утврдува износот на дивиденда за една акција да изнесува во бруто износ од 110 денари по акција“, стои во одлуката.

Датум на пресек на акционерска книга, како датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 03.07.2020 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 01.07.2020 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 02.07.2020 година.

Исплатата на дивиденда, како што се наведува, ќе се изврши во законски предвидениот рок, односно најдоцна до 30 септември 2020 година.

Фото: Freepik