Дивиденда за акционерите на Реплек

734

Компанијата Реплек донесе предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2020 година.

“Со оваа одлука се утврдува распределба на добивката на Реплек АД Скопје според Годишната сметка за 2020 година за исплата на дивиденда во нето износ од 2.153 денари по акција, односно бруто износ од 2.392 денари по акција во вкупен бруто износ од 62.000.640 денари и дел за награда за раководниот тим на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје во вкупен бруто износ од 13.700.000,00 денари. Распределбата ќе се изврши од добивката по годишната сметка на РЕПЛЕК АД Скопје за 2020 година. Остатокот од добивката ќе се распредели во акумулирана добивка“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 21.04.2021 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 22.04.2021 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 23.04.2021 година.

Фото: Freepik