Дивиденда за акционерите на Тетекс

254

Акционерите на Тетекс ќе добијат дивиденда од минатогодишната добивка, стои во предлог одлуката, што пред акционерите ќе се најде на седми април оваа година.

“Се одобрува исплата на дивиденда од 29.912.672 денари од добивката на друштвото за 2019 година“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Според тоа, висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 2,33% од номиналната вредност, односно 72,223 денари бруто по акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21.04.2020 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 22-ри април.

Датум на стекнување на право на дивиденда е 23-ти април.

Фото: Pexels