Дизајн, автентичност, карактер

44

Задоволство ни е да Ве информираме дека деновиве целосно ја обновивме нашата понуда на ламинатен под. Донесовме декори со различни мотиви кои ги исполнуваат различните барања на различите стилови на ентериер. Автентични дрвни дизајни со традиционални или егзотични шари, некои дополнети со парчиња индивидуални особини кои ќе го доловат нашиот карактер и сликовитата страна на нашите деца.

D80140-580

Со овој потег Солопром само повеќе го докажува својот исклучителен интимен однос кон своите клиенти први отсликувајќи ги во Македонија промените на европскиот стил и правец.

Нашата понуда – избор на квалитет и дизајн

Понудата ја сочинуваат 50 декора претставени во 15 колекции секоја со свои особини, квалитети, издржливост, димензија и дебелина и друго.

floordreams-vario-580-2

FLOORDREAMS VARIO е колекција со најдебело влагоотпорно јадро од 12 милиметри и AC5 оцена, што ја става на врвот на ламинатните подови по издржливост. Одличен избор за комерционалниот сектор – посебно во средина со зголемена фрекфенција на движење.

Колекцијата ја сочинуваат 4 привлечни декора со V-жлеб од 4 страни за луксузен изглед и површина со анти-бактериска заштита.

floordreams-vario-580

 

 

variostep-wide-body-580

VARIOSTEP WIDE BODY – Збогатете го вашиот дом со сета убавина на природното дрво во широки талпи. V-жлебовите на страните од секоја табла се соединуваат со магијата на Endless Beauty (Бесконечна убавина) да создадат изглед и чувство на цврст дрвен под. Ефектот на бесконечно долги талпи даваат вистинско просторно чувство. Доколку се одлучите на Вашата соба да и дадете импресивно преуредување кое е едноставно и лесно за одржување, тогаш Variostep Wide Body е вистинскиот избор за Вас.

8455-580

 

 

variostep-classic-580

VARIOSTEP CLASSIC – колекцијата не само што ги задоволува вашите потреби за неспоредлив квалитет и лесно монтирање. Нејзините V-жлебови, исто така, создаваат изглед на вистински цврст дрвен под. Жлебовите на Вашиот под му даваат изглед на уникатна талпа но, и чувство на простор. Доколку се одлучите на Вашата соба да и вдахнете нов, неверојатен живот, ви ветуваме дека нема да бидете разочарани.

5544-5808525-580

 

 

creative-fantasy-580

CREATIVE FANTASY – Неограничена креативност. Креативноста води до иновации невидени досега. Колекција на разиграни и шаренолики мотиви, иновативни декори кои на собата и вдахнуваат свој уникатен карактер.

creative-580-1

creative-580-2

Декорите прикажани во оваа објава се само мал дел од многу поголема понуда на фантастични декори. Идејата е преку оваа понуда да Ви дадеме ексклузивни решенија и декори кои ќе го обогатат просторот давајќи му автентичност на Вашиот ентериер.

footer_soloprom-580