Дизајн на авион инспириран од ликовите на Frozen

72

frozen-plane-02Канадската авиокомпанија WestJet го презентираше својот Frozen авион, чиј дизајн е инспириран од истоимениот анимиран филм на Дизни. На опашката се наоѓаат главните хероини од цртаниот филм Елса и Ана, додека ликот на снешкото Олаф го краси предниот дел на авионот, пишува ABC News.

Тим сликари од Канада, САД и Германија, 21 ден работеа на авионот во хангар лоциран во Тексас.

Освен надворешниот дел на авионот и внатрешноста е, исто така, украсена со детали во знакот на Frozen. На седиштата, на пример, се наоѓа амблемот од кралството Арендел каде владеат сестрите Ана и Елса.

Авионот е украсен и со дополнителна боја што свети за истиот да сјае кога лета под сонцето. Тимот искористи вкупно 645 литри боја и 23 различни нијанси за леталото да го добие магичниот изглед.

frozen-plane-anna-elsa-600x400Olaf-beach-on-the-plane-1024x512