Луси Хјуз, британска дизајнерка, креираше иновативен материјал наречен MarinaTex, којшто има потенцијал да ја замени пластиката за еднократна употреба.
Изработен е од коски и кожа од риба и токму затоа и лесно се разградува, пишува Dezeen.
Биопластиката MarinaTex е лесна, проѕирна и флексибилна што ја прави одлична за торбички за намирници и погодна за складирање на сендвичи.
Отпадоците од рибите Хјуз ги зема од пристаништата и рестораните каде се спрема морска храна. На еден начин со тоа се елиминира и овој тип на отпад, за почиста околина.
Пред да го добие финалниот производ дизајнерката направила повеќе од 100 експерименти, најмногу користејќи го својот шпорет во студентската соба каде што била сместена.
Хјуз за својот дизајн има добиено и многу награди.
Фото: MarinaTex