Дизајнирани механизми и додатоци за секоја спална соба и гардеробер

258

GLAVNA (1)

Спалната соба е одлично место за индивидуални активности. Претставува важно место во нашите домови, простор да се опуштиме и одмориме. Комфорот е од исклучителна важност за да имаме добар, квалитетен сон. Убавиот и квалитетен мебел исто така ќе додаде луксуз во просторот. Комбинацијата на бои игра важна улога. Затоа, пред да ги одберете нијансите, највисоко се препорачува да ја најдете Вашата цел во спалната соба. На овој начин ќе придонесете за расположението во неа.

Модерните гардеробери се места за сместување на Вашите драгоцени предмети како облеката, модните додатоци и др. Дизајнирани да ви обезбедат повеќе простор, опремени со практични решенија како светла за подобар преглед, системи на лизгачки врати, поинаков и уреден начин на редење на облеката, чевлите и други модни додатоци. Дизајнирани гардеробни механизми, со посветено целосно внимание на функционалноста, конструкцијата, естетиката и материјализацијата при дизајнирањето на производите.

mehanizmi

garderobni-doatoci

footer_vitrina