Дизелот и бензинот Еуросупер БС – 95 поскапуваат за половина денар

20

benzin

Бензинот Еуросупер БС – 95 и Еуродизел (Д-Е V) поскапуваат за половина денар, додека цената на Еуросупер БС – 98 останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 изнесува 66,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 и во следните две недели ќе се продава по 68,50 денари. Дизел горивото поскапува за пола денар и ќе чини 53 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1), се зголемува за еден денар и ќе се продава по цена од 42 денари за литар.