Дизелот поевтин за два денари, цените на бензините без промена

41

benzin avtomobil

Дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска ќе поевтинат за два денари, додека бензините ќе се продаваат по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 и овие две недели ќе чини 62,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 64,50 денари за литар.

Новата цена на Еуродизелот (Д-Е V) ќе биде 46,50 денари за еден литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг и со тоа ќе се продава по 17,743 ден/кг.