Дизелот поевтин за два денари, цените на бензините непроменети

3

diesel gorivo

Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ добива нова цена пониска за два денари, додека цените на бензините остануваат непроменети, е најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 53,50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 е 67,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе чини 42,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,677 ден/кг и ќе изнесува 26,248 ден/кг.