Дизелот поевтин за еден денар, бензините по стара цена

3

benzin

Дизел горивото поевтинува за еден денар, а бензините остануваат по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуросупер БС – 95 останува 62,50 денари за литар, додека истата цена од 64,50 денари важи за Еуросупер БС – 98.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар, па така Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 48,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 37,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,530 ден/кг и ќе чини 19,257 ден/кг.