Дизелот поевтинува за 1,50 денари, бензините по стара цена

20

gorivo-kola-pixabay

Фото: Andreas / Pixabay

Дизелот од полноќ поевтинува за 1,50 денари, додека бензините и во следните две недели ќе се продаваат по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел (Д – Е V) ќе биде 50,50 денари за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 39 денари.

Еден литар Еуросупер БС – 95 и во следните две недели ќе чини 65 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе чини и 67 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,319 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.03.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,636 ден/кг.