Дизелот поевтинува за денар, цените на бензините непроменети

20

benzin polni

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цените на бензините не се менуваат и во следните две недели, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 48 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 36,50 денари.

Бензинот Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 61 денар за литар, додека Еуросупер БС – 98 и овие две недели ќе чини 63 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,150 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг.